Хулкенберг смета дека резултатот е награда за сите

И покрај тоа што беше победен од својот колега, сепак Нико Хулкенберг е среќен што стигна до најдобриот свој резултат годинава и најдобриот резултат за Рено од нивното враќање во Формула 1.

Германецот пропушти топ 5 квалификации во Сабота затоа што неговиот колега имаше побрз круг од него, но трката му беше одлична од самиот старт. Го мина Фетел во првиот круг, но Ферари потоа си ја врати позицијата, а по извртувањето на Себ го превзеде тоа место, иако загуби позиција од колегата кој го мина на стартиот правец во пресрет на Варианте шиканата.

задоволен сум со резултатот и убаво е да се заврши вака во надеж дека ќе го искористиме моментумот за следните седум трки. тимот заслужи ваков резултат по тешкиот период кој го имавме и ова е одлична награда за сите во рено.

за мене беше чиста трка, имав силен старт со две претекнвуања и успеав да си ја чувам позицијатан на патеката. менаџирав добро, не грешев и бев смирен – опиша хулкенберг.

Кон крајот на трката германецот се најде под притисок на Александер Аблон од Ред Бул, но го задржа зад себе и заврши со повеќе од секунда пред него.

бев под притисок кон крајот, но успеав да си ја зачувам позицијата. беше во најголем дел тивка трка која ја контролирав и ова е одличен резултат за тимот со даниел пред мене

Со овој резултат, Хулк се искачи на 7мо место кај возачите со само три поени зад колегата Рикардо додека Рено се доближува до четвртопласираните Мекларен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ