Хулк песимист: Подиумот е сеуште далеку

Нико Хулкенберг откри дека би било одлично да дојде конечно до подиум во аеродинамички подобрениот РС19 за Франција, но е реален дека француската фабричка екипа е сеуште далеку од топ 3 екипите.

Рено најави големи аеродинамички промени на својто болид за Пол Рикал кој вклучуваат ново предно крило, странични крила, под и подобрено ладење.

Минатиот тркачки викенд екипата стигна до првиот двоен пласман во поени, Даниел Рикардо финишираше на 6то место, а Нико Хулкенберг веднаш зад него.

би сакал конечно да стигнам до подиум, но свесен сум дека тоа е уште далеку за нас во моментов. вистина е дека имаме некои новини на болидот, но знам и дека другите екипи пробуваат нови работи.

се надевам дека новите делови ќе се покажат добро, ќе го засилат болидот и ќе не донесат поблиску до најбрзите три екипи што ќе ни ја олесни работат.

главна цел оваа сезона е да се одвоиме како најдобра екипа од средината на поредокот, а потоа да дојдеме и поблиску до најдобрите екипи. секако дека викендов ќе биде многу возбудлив за нас поради домашната публика.

Во моментов французите се на 5то место во проедокот со само два поени зад муштерискиот тим на Мекларен.

вообичаено е многу тесно во средината на поредокот и мали се разликите помеѓу болидите така што како и секогаш најважно е да одработиме како што треба. јасно е дека викендот е многу важен за нас, но мислам дека пристапуваме како на секоја друга трка.

треба да сработиме се како што треба во петок и сабота и секако дека се надеваме на уште еден финиш како во канада.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ