Хулк, Саинз и Строл минаа со опомени за К3 глупостите

Стјуардите во Италија опоменаа тројца возачи за нивните улоги и придонес во фарсата во последниот квалификациски сегмент во Монца, а ФИА најави решение за такви ситуации во иднина.

Нико Хулкенберг од Рено, Карлос Саинз од Мекларен и Ленс Строл од Ресинг Поинт се опоменати за претерано и непотребно бавно возење во загревачкиот круг во пресрет на последните К3 обиди за време.

Долгата истрага почна откако деветмината возачи кои останаа во К3 по сударот на Кими Раиконен се возеа пребавно по патеката и никој не сакаше да биде напред без слипстрим од друг болид затоа што смета дела повлекувањето од болд пред себе во монца е клучно.

Откако тројцата возачи ги дали своите изјави, стјуардите забележале дека тие се идентични и сите сакале да бидат повлечени од некој пред себе во својот последен летечки круг и поради тоа возеле неразумно бавно. Исто така, сите забележале дека и останатите околу нив возеле многу бавно.

Стјуардите сметаат дека Нико, Карлос и Ленс имале значителна улога во гужвата и бавното возење на крајот од квалификациската сесија. За тројцата возачи ова се први опомени сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ