Хулк смета дека Канада е моментот за пресврт

Нико Хулкенберг, возачот на Рено, е самоуверен пред Канадското Гранд При сметајќи дека трката крај Монтреал е можност за пресврт во сезоната и враќање на вистинскиот пат. Возачите на Рено имаа тешка трка во Монако и остсанаа без поени.

го сакам тркачкиот викенд во канада, патеката е одлична, градот е навистина кул, а фановите прават неверојатна атмосфера. монтреал секогаш е одличен за формула 1 и кога доаѓаме во градот секогаш има возбуда насекаде – изјави хулк.

Тој откри дека конфигурацијата на болидот за Монтреал значи дека истиот нема стабилност при излезот од бавнит екривини, што може да е “зезнато“ во зоните за кочење. Сепак, германецот смета дека возбудливо е тоа што има мест за претекнување, но и возбудлива последна шикана.

имаме конфигурација со мала потисна сила во монтреал, а болидот се чувствува лесно на излезот од бавните кривини. за да се биде брз овдека мора да се нападнат тротоарите и да се биде храбар во приодот кон ѕидовите. патеката е тешка по сопирачките и мора да имате верба низ кривините.

претекнувањето не е прелесно, но има неколку места како на пример последната шикана која е најдобра можност за напад – смета нико.

Сепак, тој верува дека во Канада тимот ќе дојде до подобар резултат и ќе притисне посилно одошто во Монако.

си отидовме разочарани од Монако затоа што имавме потенцијал за одличен резултат со оглед на ритамот, но не успеавме да дојдеме до поени. мораме да се вратим во топ 10 затоа што чувствуваме дека подобрувањата на болидот не прават конкурентни и тоа мора да го покажеме прку резултатите.

канада е следна можност да ја вратиме сезоната на правата патека и правиме се што можеме да се вратиме во поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ