Чадвик е нов развоен возач на Вилијамс

Џејми Чадвик е новиот развоен возач на Формула 1 тимот на Вилијамс. Таа е моментално водечка во женската В тркачка серија .

Џејми ќе вози во симулаторот на тимот и ќе биде во боксот на европските трки вклучувајќи ја и трката во Британија.

21-годишната британка својата прва победа ја имаше оваа сезона во женскиот шампионат (В серија) каде освои пол позиција на двата настани. Таа води пред поранешната јуниорка на Ред Бул, Битски Висер која победи на минатата трка на Золдер.

Чадвик до сега ја има освоено МРФ титулата, има титула во Британската Формула 3 и во 2015 година ја има освоено ГТ4 титула во Британија. Таа се приклучува на резервниот возач Николас Латифи во Вилијамс академијата.

Шефицата на тимот, Клер Вилијамс, која беше во публиката на првата трка во В серијата во Хокенхајм изјави:

Промоцијата на жените во моторспортот е многу важна за да се има пример за успешен возач. Треба да покажеме во моторспортот дека и возачот е важен, а не само инженерската страна. Џејми е голем талент и едвај чекам да работам со неа – најави Клер.

Чадвик смета дека нејзината улога е голема чест.

Времето во симулаторот е фантастична шанса која ќе ми помогне во развојот. Со нетрпение чекам да започнам со мојата работа во фабриката во Гроув. Да се биде дел од академијата е одлична платформа и многу сум возбудена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ