Чеко смета дека промените може да ги зголемат разликите

Мексиканецот Серхио Перез верува дека промените на правилата од 2021 година може да не ги намалат разликите помеѓу тимовите, туку, можно е истите да донесат продлабочување на разликите.

Формула 1 веќе некој период работи на целосно нови правила за 2021 година со цел да се подобри тркањето, полесно следење и претекнување на болидите како и намалување на заостатоците помеѓу нив. Жан Тод предложи и враќање на долевањето на гориво.

колку повеќе менуваме, толку поголема предност им се дава на големит еекипи да направат позитива која треба да загрижува. ќе видиме што ќе донесе спортот во 2021 година.

ќе биде добро за тркањето, но кога имаме толку големи разлики на гридот, тешко дека ќе се променат работите само со нови правила.

болидите се премногу тешки, особено на почеток на трката кога имат 100 килограми гориво во нив. но, јас се тркам последните девет години и мислам дека проблемите се делумно и од шоуто кое ние сакаме да го приредиме.

посетителите сакаат забава, на нив не им е важно колку е тежок болидот – заклучи перез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ