Чикаго ќе биде домаќин на Ф1 фестивал

Чикаго ќе биде домаќин на Формула 1 фестивал за фановите кој ќе се одржи на 8 Јуни, викендот кога во Канада ќе се одржува Гранд При трката.

На почетокот на годинава Либерти Медиа објавија дека планираат фестивали во Шангај, Чикаго, Лос Анџелес и Бразил, а само деталите за фестивалот во земјата на фудбалот не се потврдени за сега.

Настанот во Шангај се одржа паралелно со 1.000та Гранд При трка во Формула 1 историјата, додека Чикаго ќе гледа Формула 1 машинарија на историскиот Солџер Филд, домот на Чикаго Беарс НФЛ екипата. Фестивалот ќе се одржи во Сабота, а како дел од истиот ќе бидат и во живо следени квалификациите во Монтреал.

по големиот успех на фестивалот во шангај возбудени сме што одиме во чикаго, град кој има богата историја на ентузијастички расположени спортски фанови.

нетрпеливи сме да ја однесеме формула 1 во америка, во ветровитиот град каде ќе може да ја осетат атмосферата на трка и се што формула 1 има да понуди – објасни комерцијалниот шеф на спортот, шон брачес.

Претходно Формула 1 на американско тло имаше Фестивал во Мајами лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ