Шафнауер призна дека викендот бил многу тежок

Отмар Шафнауер призна дека немале доволно среќа во Монако за време на трката на која не дојдоа до топ 10 пласман и нови поени.

Чеко Перез ги заврши 78те кругови низ Кнежевството на 12то место и тоа благодарение на казната на Кевин Магнусен, додека Ленс Строл беше две позиции зад него.

Лошите перформанси почнаа уште од квалификациите каде розевите болиди беа елиминирани уште во К1.

се тркавме, но не можевме ништо да направиме поради квалификациската позиција и ни преостануваше само безбедно да завршиме, а за поени немавме сила. знаеме дека имаме тешка задача да напредуваме, но се надевавме дека непредвидливото монако ќе ни помогне.

раното безбедносно возило беше коцкање, серхио го внесовме по нови гуми, а ленс го оставивме надвор, но како што трката одминуваше имавме некои можности за напредок. не можевме да си ја вратиме позицијата затоа што претекнувањето беше невозможно, бевме дел од еден воз кој финишираше заедно.

Отмар се надева на силно враќање “во игра“ на следната трка на Жил Вилнев во Канада, домашна трка на возачот Ленс и газдата Лоренс.

викендот не беше лесен, но поразот го прифаќаме и мораме да бидеме посилни во монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ