Шафнауер свесен дека поените биле недостижни

Отмар Шафнауер призна дека поените биле надвор од досег за Рејсинг Поинт за време на неделното Шпанско Гранд При откако Серхио Перез беше единствен нивни возач кој ја заврши трката, додека Ленс Строл имаше судар со Ландо Норис.

Мексиканецот финишираше на лошото 15то место, а само болидите на Вилијамс и Антонио Џовинаци на Алфа Ромео беа зад него. Рејсинг Поинт немаше ритам за поени викендот што е за разочарување по двоните поени на претходната трка во Азербејџан.

Шафнауер смета дека тимот бил секогаш свесен дека ќе се мачат во Барселона, но на тестот по трката ќе се обидат да дознаат каде погрешиле затоа што знаат дека болидот има потенцијал.

се мачевме викендов и за жал поените беа надвор од наш домет. беше една од оние трки каде позицијата н патеката е многу важна затоа што претекнвуањето е тешко. чеко имаше добар прв круг, а и ленс.

двата болиди возеа паралелно во текот на трката, но ленс имаше судар до норис и беше елиминиран. серџо се врати во исти круг со водечките за време на безнедносното возило, но немавме ритам да предизвикаме за поени на крајот.

се фокусираме на тестот за да дозанеме повеќе работи за болидот и следната недела во монако да се вратиме посилни – објасни шафнауер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ