Шафнауер сигурен дека ќе се вратат на 4то место

Шефот на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер, смета дека е само прашање на време пред тимот повторно да се врати на 4то место и да биде најдобар од останатите во Формула 1 гридот.

Форс Индија пред една година беше превземена од милијардерот Лоренс Строл, по што не си го врати приматот кој го имаше неколку години по ред, да бидат најдобра екипа надвор од првипласираните три. Но, Шафнауер е убеден дека тимот ќе си ја врати позицијата.

ќе стигнеме до таму. имаме исти луѓе, исти процеси, дури и подобри алати и многу подобро финансирање така што е само прашање на време.

вториот дел од сезоната треба да бидеме поблиску до позиицјата на која бевме во минатото и рено треба сериозно да внимаваат на нас.

лани назадувавме поради пробкемите, пред се од финансиска природа, кои ги имавме годинава. поради тоа сме нецелосно подготвени за оваа сезона затоа што кога во мај и јуни лани носевме одлуки за оваа сезона, немавме пари. поради тоа овој болид е загрозен, нешто што јас не го разбирав се додека не го видов.

се обидуваме да искористиме максимум од она што го имаме на располагаме затоа што имаме здрави финансии и сега сме во позиција да бркаме – опиша шафнауер.

Во моментов екипата од Силверстон е на 8мо место кај конструкторите со 31 поени освоен до сега, само еден помалку од Алфа Ромео кои се пред нив и 5 помалку од Хаас кои се 7ми. Средината од поредокот годинава е многу збиена, поради што Отмар не отпишува нити освојување на 4то место на крајот од сезоната во Абу Даби.

сеуште е можно да завршиме како 4ти, но ќе биде многу тешко. не сме многу далеку, не заостануваме многу, но конкуренцијата в осредината од поредокот е многу жестока, а се бориме за само неколку поени или десетинки.

најдобрите три екипи си ја вршат својата работа и се на првите 6 места на секоја трка, така што за нас остануваат останатите позиции до 10то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ