Шовлин: Оваа победа е неверојатна

Главниот инженер на трка во Мерцедес, Ендру Шовлин изјави дека историскиот 5ти триумф во доминантен 1-2 стил за Мерцедес е неверојатно достигнување и доказ за напорната работа за подобрување на екипата.

Шпанското Гранд При му ја донесе 76та победа на Луис Хамилтон и второ место за другиот возач, Валтери Ботас.

да се заврши со уште една 1-2 победа од барселоан е неверојатно особено откако проценивме дека шансите за тоа по зимските тестови не беа силни. екипата заврши фантастична работа во развој и подобрување на болидот.

Хамилтон го мина Ботас на стартот од трката и не го препушти водството во нити еден момент, а нивните најголеми конкуренти од Ферари не стигнаа на подиум.

јасно е дека стартот беше клучот на трката кога луис го мина валтери. ќе се обидеме да разбереме што се случи со валтери, но двајцата направија одлична работа бранејќи се од фетел и одбегнувајќи меѓусебен контакат.

Шовлин откри дека стратегијата не била проблем за тимот затоа што ионака планирале стратегија со едно застанување, но по втората промена на Верстапен и излегувањето на Безбедносното возило, ја промениле стратегијата.

верстапен влезе да промени по втор пат во 44от круг по што се појави можност и ние да ја промениме стратегијата и да го намалиме ризикот од едно застанување кое требаше да биде тешко при крајот. променивме и го запревме валтери, а се подготвувавме истото да го направиме и кај луис кога се појави безбедносното возило.

Шовлин очекува поради карактеристиките на патеката во Монако, разликата помеѓу Мерцедес и останатите да се намали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ