Шпанија: Здодевно за сите, но Мерцедес со петта 1-2 победа

На 5та трка оваа сезона Мерцедес забележа исто толку 1-2 победи, овој пат Хамилтон победи, Ботас беше втор. Актуелниот првак не го испушти водството од првиот круг, а го имаше и најбрзиот круг на трката, за целосна негова доминација. Место на подиумот има и за Макс Верстапен кој стигна до карираното знаме пред двата болиди на Ферари.

Стартот беше возбудлив, а Хамилтон стана невидлив за сите по првата кривина, одземајќи ја позицијата на својот колега.

Фетел немаше што да прави освен да нападне, се обиде да мине во пресрет на првата кривина и беше најнапред, но беше во надворешниот дел, односно ја имаше најдолгата патека. Му се закочија предните тркала, имаше дуел со Ботас, а потоа го загуби и своето 3то стартно место од Макс Верстапен. Освен неуспешен напад тој ги уништи и предните гуми од силно сопирање по што мораше прв по нови.

Дванаесетиот круг ги донесе првите возбуди когса по тимска наредба, Шарл Леклер беше пропоуштен од Себаситјан Фетел кој имаше послаб ритам поради своите оштетени гуми и очајни преку радиото бараше што побрзо да влезе и да добие нови.

Првото менување го направи токму тој и тоа во 20от круг кога влезе и доби нови медиум гуми, беше 5ти, но падна на 10то место “благодарение“ на проблемите при монтирањето на задното лево тркало. Следниот круг по нови гуми влезе и Верстапен за да ја покрие стратегијата на Ферари, менувањето беше безгрешно, а холанѓанецот доби софт. Два круга подоцна менуваше и Пјер Гасли.

Во кругот број 26 хард компонента доби Шарл Леклер кој имаше проблем со менување на истото тркало како и својот колега Себастијан Фетел. Последни променија Ботас и Хамилтон, добија медиум, но Валтери излезе на само 1,5 секунди пред Макс Верстапен, кој сепак немаше сила да нападне.

Болидите на Ферари повторно се наредија еден зад друг, а Фетел во 36от круг беше пропуштен од Леклер кој беше побавен и на потврди гуми. Но, по 5 кругови германецот го направи своето второ влегување и доби нов сет медиум, а три кругови подоцна истото го стори и Верстапен за да не дозволи да биде минат.

Кругот број 46 беше највозбудлив. Најпрво Валтери Ботас влезе во бокс по нови софт, а следуваше судар помеѓуе Ленс Строл и Ландо Норис. Двајцата се бореа за позиција, но беа надвор од поени, британецот сакаше да се протне каде немаше простор за него и завршија крај патеката. Безбедносното возило излезе тој 46ти круг и остана 6 кругови на патеата.

За време на Безбедносното возило гуми промени Луис Хамилтон, но и Шарл Леклер ој своите хард ги промени со медиум.

Рестартот беше интереен затоа што напрво Фетел го нападна Верстапен, но не доволно силно. Зад нив, Гасли беше порешителен и моќно тргна да ја превземе позицијата на Леклер, но по полвина круг возачот на Ферари се одбрани, а Пјер загуби позиција и од Хаас поради претераната агресивност. Сепак, го поврати своето 6то место.

На 7 кругови пред крајот за кејф на домашната публика буквално пред својата трибина, Саинз го претекна Роман Гросжан за 8мо место, а по два кругови Роман го загуби и своето 9о место од Даниил Квјат.

Топ 3 тимовите ги окупираа првите шест позиции, а Кевин Магнусен, како и во Австралија, беше најдобар од останатите пред домашнито возач Карлос Саинз, русинот Квјат и Гросжан кој дојде до поен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ