Шпанија ќе им оддаде почит на Сена и Раценбергер

Организаторите на Големата награда на Шпанија која ќе се вози следниот икенд ќе им оддадат почит на прерано починатите Аиртон Сена и Роланд Раценбергер, возачи кои го загубија својот живот на Имола пред 25 години.

Патеката Барселона – Каталуња ќе организира повеќе комеморативни моменти во текот на Гранд При викендот следната недела. Церемонијата пред трката ќе биде посветена на двајцата возачи, додека победникот на трката на подиумот ќе развее посебно знаме, половина бразилско и половина австрискио. Помала верзија на вакво знаме ќе биде делено на фановите на патеката.

Аиртон планирал на 1 Мај таа 1994 година за време на почесникот круг по крајот на трката да го развее австриското знаме во чест на претходниот ден починатиот австриски возач, но никогаш не дочека да го направи тоа.

Во текот на тркачкиот викенд, бронзена скулптура во природна големина од Сена, дело на британецот Пол Оз ќе бидеп рикажана во зградата Роберт Палау во Барселона, а на денот на трка истата ќе стои зад главната трибина на патеката заедно со колекција од класични Формула 1 болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ