Шпанците негираат дека Шуми се сели на Мајорка

Шпанските власти сметаат дека поради недоразбирање медиумите почнале да пишуваат дека семејството на Михаел Шумахер ќе се пресели во Мајорка за да се забрза закрепнувањето на седумкратниор првак од скијачката несреќа. Медиумите пренесоа дека Шумахерови ќе се преселат од долгогодишниот дом на брегот на Женевското Езеро во луксузна куќа на Мајорка, поранешна сопственост на Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Сепак, Сабине Кем, долгогодишната менаџерка на поранешниот Формула 1 возач, побрза да ги демантира сите такви шпекулации.

Факт е дека семејството Шумахер нема план да се пресели на Мајорка – кусо изјави Кем за motorsport.

Потоа, шпанските власти во градчето Андраткс на Мајорка излегоа со свое соопштение за да ја расчистат ситуацијата и да демантираат дека некогаш изјавиле дека Михаел ќе се пресели кај нив.

Во врска со последните вести дека Формула 1 возачот Михаел Шумахер заедно со воето семејство ќе се преселат во Општината Андраткс , Градскиот Совет на Андраткс сака да ја расчисти ситуацијата предизвикана од изјавата на Градоначалникот Катиа Роуарч. Нејзините зборови не се точно пренесени и веројатно се работи за забуна и погрешно пренесување, веројатно настанато при преводот на изјавата.

Градоначалникот на Андраткс во воето скорешно интервју за швајцарскиот магазин l’lllustré ја потврди информацијата дека семејството Шумахер купило куќа во Port d’Andratx.

Сепак, таа не даде никаква информација за потенцијално селење на Михаел Шумахер заедно со семејството во нашата Општина Андраткс. Всушност, Градоначалникот не ни може да има таква информација.

Градоначалникот Катиа Роуарч не кажа дека се подготвуваме да ги пречекаме Шумахерови и дека локалните безбедносни служби се информирани за тоа и целосно подготвени.

Единствено нешто што Роуарч го потврди на ноцвинарите е тоа дека доколку семејството реши да се пресели тука, ние сме подготвени да ги пречекаме и дека ќе бидат еднакви со останатите жители.

Но, тие зборови не значат дека Михаел Шумахер заедно со семејството ќе се преселат и дека Градоначалникот и Градкиот Совет имаат информација за тоа.

Со ова, не сакаме да ја повлечеме изјавата туку само да ја појасниме и да кажеме дека сме подготвени доколку решат да се преселат кај нас. Во тој случај Михаел Шумахер со семејството ќе бидат добредојдени во нашата Општина – гласи изјавата од Советот на Андраткс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ