Шумахерови треба да почнат да зборуваат, смета Фрај

Ник Фрај кој беше менаџер на Мерцедес кога Михаел Шумахер возеше за тимот, изјави дека семејството на поранешниот возач треба да почне да зборува со медиумите за состојбата на Михаел.

Од неговата несреќа на скијање во 2013 година, неговата жена Корина и неговиот менаџер Сабина Кем држат во тајност секаква информација за здравјето на Михаел.

Последните статии говорат дека тој е префрлен во Париз каде треба да подлежи на специјална терапија со матични клетки.

Корина и семејството држат контрола врз информациите. Тоа е штета затоа што Има милиони луѓе кои се заинтересирани за неговата ситуација не само во Германија или фанови на Мерцедес.

Поради неговите постигнувања, интересот е огромен а некои навистина се грижат за него. Мислам дека независно дали има добри или лоши вести важно е да се сподели информацијата – смета фрај.

Тој работеше со “Црвениот барон“ три години пред да дојде Тото Волф на чело на тимот.

Од тоа што го разбирам, семејството му го овозможува најдобриот третмат што можат парите да го купат. Тој е сместен во посебен дел направен во куќата во Швајцарија и има тим кој се грижи за него.

Сигурен сум дека тоа што е развиено за него може да им помогне и на други. Би било корисно неговото семејство да сподели со каков предизвик се соочува и можеби некој може да им помогне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ