Шумахер дојде до првата победа во Ф2

Синот на легендарниот Формула 1 возач, Мик Шумахер, дојде до првата победа во Формула 2 тркачката серија што се возеше на Хунгароринг, паралелно со врвот на моторспортот.

20-годишниот возач е син на 7-кратниот шампион во Ф1, Михаел и стартуваше од пол позиција на обратниот грид откако на вчерашната трка заврши на 8та позиција.

Младиот Шумахер е член на Ферари академијата, но сеуште не успеа да се докаже во Формула 2 откако негов најдобар резултат беше 4то место во Австрија.

Одлична трка. Болидот беше одличен и му благодарам на тимот што ми даде ваков болид. Честитки до Нобухару кој ме забавуваше и не беше лесно, но пресреќен сум.

Запрашан за тоа колку брзо му чукало срцето во последните кругови кога Мацушита му се доближувал, Шумахер одговори:

Пресилно и пребрзо, бидејќи гумите беа потрошени и морав да ги одржувам во живит. Да си под притисок и да ги погледнуваш ретровизорите цело време е доста забавно.

Победата на Мик беше следена од мајка му Корина и е прва за семејството Шумахер од 2004 година.

Беше навистина посебно. Ќе прославам со моето семејство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ