Шумахер лесно балансирал помеѓу Ф1 и Ф2

Мик Шумахер ннемал никакви проблеми да балансира помеѓу својата Формула 2 кариера и своите Формула 1 обврски за време на тркачкиот викенд во Бахреин.

Германецот го има своето деби во Формула 2 серијата сезонава и тоа се случи на првата трка во Шакир, за два дена подоцна да дебитира, најпрво за Ферари, а потоа и за Алфа Ромео на првиот сезонски тест на истата патека. 20-годишникот потенцираше дека нема да дозволе Формула 1 тестовите да го одвлечат неговото внимание од првата цел сезонава, а тоа е Формула 2 тркачката серија.

не беше воопшто тешко, за мене беше и лесно да ги одделам тие две работи, тие две серии. јасно е дека приоритет ми е формула 2, таму сум фокусиран, а кога завршив имав време целосно да се посветам на формула 1.

навистина добро менаџирав со сите задолженија и задоволен сум како испадна целата работа така што мислам дека имав позитивен викенд и позитивна недела се на се – заклучи мик.

Тој додаде дека дел од наученото во Формула 1 ќе искористи во своите Формула 2 трки сезонава, надевајќи се дека ќе има корист од тоа уште на следната трка во јуниорската серија која ќе се вози на крајот на месецов низ улиците на Баку.

формула 1 е премногу сложена и има толку многу работи да се учи за болидот. навистина ми помогнаа разговорите со инженерите и прибирањето на информации за себе. научив многу и тоа ќе ми помогне и во формула 2, сигурен сум дека се што сум научил само ќе ми помага.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ