Шумахер не може да предвиди кога ќе премине во Ф1

Мик Шумахер вели дека само времето ќе покаже кога тој ќе премине во Формула 1, но младиот германски возач инсистира дека тој видно се подготвува за промоцијата во главната класа.

Шумахер, кој е дел од академијата на Ферари, стигна до својата прва победа во Формула 2 во Унгарија, постигнувајќи триумф од почетокот до крајот и не попушти на притисокот од ривалот Нобу Матсушита.

Победата е добредојдено дополнување кон квалитетите на 20-годишниот возач, но ќе бидат потребни поголеми резултати за тој да ги следи стапките на неговиот татко, седумкратниот шампион, Михаел Шумахер.

Мислам дека времето ќе покаже. Очогледно првата победа во Ф2 е одлично постигнување. Сеуште треба да работам на себе. Дали ќе преминам во Ф1 следната година или за две години или три, не знам.

Само времето ќе покаже. Ќе направам се да научам што повеќе за кога ќе го направам тој чекор, да бидам подготвен и удобен со ситуацијата.

На следните трки Шумахер ќе пристапи одлучен да го продолжи успехот од Унгарија и со подобрена доза на самоувереност.

Мислам дека е вистина на некој начин, првата победа е најтешка, но очигледно е откако ќе победите, тоа ви дава одредена самодоверба.

Имате многу повеќе самодоверба пред следната трка, особено при крајот на сезоната. Добро е што ја постигнав. Не е лесно, бидејќи имав многу притисок, не само од Нобу, туку во текот на целата сезона.

Имавме неколку многу силни перформанси, но не освоивме доволно поени. Ако погледнам наназад кон Ред Бул Ринг и Силверстон, каде формата беше одлична, сепак не успеавме да ја искористиме шансата.

Севкупно, навистина сум среќен што стигнав до победа, но исто и за освоените поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ