Шумахер ќе вози на првиот тренинг во Германија ?

Четири месеци по неговиот прв Формула 1 тест, се шпекулира дека Мик Шумахер ќе се врати во болидот на Гранд При викендот во Германија, исто така за екипата на Ферари.

Минатата недела Мик, син на седумкратниот шампион Михаел Шумахер, доби прва можност да тестира Формула 1 болид. 20-годишниот возач возеше за Ферари на тестот во Бахреин и се пласираше на второ место, позади Макс Верстапен на првиот ден. За вториот ден, тој премина во болидот на Алфа Ромео, со кој се пласираше на шесто место.

Според германскиот весник Express, Шумахер ќе ги продолжи тестовите со возење на Германското Гранд При. Јорн Теске од Хокенхајмринг е возбуден што Шумахер ќе биде дел од поредокот.

Неговиот влез во Формула 1 изгледа очекуван и тест во Хокенхајм во Ф1 викенд ќе биде големо задоволство за германските фанови.

Шумахер беше запрашан за Формула 1 по тестот во Бахреин, но појасни дека сака да ги превземе сите потребни чекори, наместо да избрза во процесот.

Ова е моја прва сезона во Формула 2 и сакам да влезам во Формула 1 целосно подготвен како возач. Само времето ќе покаже дали сум подготвен, дали ќе биде следната година или таа потоа.

Преферирам да одам чекор по чекор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ