Јамамото верува во силна Ф1 иднина на Хонда

Оперативниот шеф на Хонда, Масаши Јамамото, зборуваше за иднината на Хонда во Формула 1 по 2020 година. Јапонците се вратија во спортот како доставувач на мотори во 2015 година и имаа три очајно тешки сезони со Мекларен, пред да преминат во Торо Росо за мината година, а од почетокот на оваа, освен тимот од Фаенца, го снабдуваат и силниот Ред Бул со кого веќе стигнаа до две победи.

Макс Верстапен на Големата награда на Австрија ја донесе првата победа за мотор на Хонда по речиси 13 години, а успехот го повтори и на Хокенхајм, каде друштво на подиумот му павеше уште еден возач со мотор на Хонда, Даниил Квјат од Торо Росо.

Пол позицијата, пак, на Хунгароринг, беше прв старт од најдоброто место за мотор на Хонда од пол позицијата на Џенсон Батон во Мелбурн во 2006 година.

она што велиме дека сакаме да го постигнеме е да го подобриме ланскиот резултат на ред бул, сакаме да освоиме повеќе поени сезонава со Ред Бул одошто тие освоија лани – откри хамамото.

Вкупното салдо на тимот од Милтон Кинс лани беше 419 поени, а 233 од нив беа освоени во првиот дел од сезоната, а до сега тимот има 244 поени, така што се работи согласно целта. Ред Бул победи четири пати лани, до сега имаат два триумфи, но Јамамото не гледа на тоа како на некоја клучна цел.

не рековме дека сакаме пет победи годинава, но тоа е можно и би било прекрасно.

Но можеби враќањето на победничките патеки е доцна за јапонците, затоа што гласините од јапонска Сакура велат дека менаџментот сериозно размислува за повлелкување од Формула 1 без разлика на резултатите.

не можеме мнгоу повеќе да направиме од ова што го правиме сеа. вистина е дека се разговара за иднината на хонда во формула 1, но не можеме да кажеме кога ќе се донесе одлука. мислам дека резултатите се охрабрувачки во моментов и ќе биде одлично ако продолжиме во овој стил и понатаму.

Се чини дека иднината на Хонда во Формула 1 е во рацете на Ред Бул и Торо Росо и нивните резултати во остатокот на оваа 2019 година. Победата во Австрија дошла во клучен момент пред состанокот на Управниот одбор на компанијата, а се чини дека клучно ќе биде изданието на домашната Сузука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ