Јан Мончу замена за Симоне Реста во Алфа Ромео

Алфа Ромео го промовираше Јан Мончу на позицијата технички директор по заминувањето на Симоне Реста кој се врати од каде што дојде, во Маранело.

Тој до сега ја извршуваше функцијата шеф на аеродинамичкиот дел во швајцарскиот тим од Хинвил. Инаку, Алфа Ромео во моментов се на 6то место во конструкторскиот поредок.

Реста се приклучи на Алфа Ромео како нивни технички шеф и дојде како замена за Јорг Зандер, но овој месец тој заминува во Ферари. Реста помина 17 години во Маранело пред да стане нивни главен дизајнер.

Возбуден сум за новиот предизвик и со нетрпение чекам да ја започнам мојата нова позиција. Сопствениците, бордот и шефот испратија силна порака дека веруваат во вредностите на тимот. Сега е наша шанса да ги докажеме дека имаме светла иднина и возбуден е мончу.

Моменталната позиција на Алфа Ромео е за две места подобра од ланската на Заубер.

Задоволен сум што тој дојде на оваа позиција. Тој врши одлична работа и сигурен сум дека одлично ќе го води нашиот технички оддел во новата авантура – изјви фред васур

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ