Јас во Ред Бул … лажна вест, открива Хулкенберг

Нико Хулкенберг изјави дека шпекулациите околу неговиот наводен трансфер во Ред Бул за следната година се чиста измислица и целосно ражни вести.

По неубедливиот старт на сезоната од страна на Пјер Гасли кој се мачи да стигне до нивото на Мекс Верстапен, медиумите почнаа да шпекулираат дека во Милтон Кинс се размислува за предвремена замена на младиот французин, а најсериозен кандидат за болидот беше Нико Хулкенберг.

Доктор Хелмут Марко, најповиканиот околу возачите во Ред Бул, како и самиот Гасли, експресно ги демантираа вестите како лажни.

мислам дека италијанските медиуми ја почнаа шпекулацијата. тоа беше чиста измислица, едноставно лажна вест – објасни германецот.

Запрашан дали е убаво да се поврзува со врвна екипа, тој одговори:

беше убаво чувство за моето его. се шегувам, мојата самодоверба е висока без никакви шпекулации околу мојата иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ