Јелоли бил запрепастен првите неколку кругови

Ник Јелоли откри дека првите кругови околу Барселона – Каталуња со болидот на Рејсинг Поинт биле шок во неговиот систем и му требало време да се адаптира на врвот во оворените едноседи.

Јелоли е долгогодишен член на екипата од Силверстон и комплетираше 111 кругови за времето кое го доби првиот ден во болидот на тимот, додека вториот ден придодаде уште 83 обиколки.

првите неколку кругови беа шок за мојот систем да бидам искрен. не сум бил во спортски едноседи некое време и сум заборавил колку се брзи овие болиди. по неколку кругови многу брзо се адаптирав и можев да почнам соодветно да ја одработувам програмата – објасни јелоли.

Тркачките возачи на тимот, Серхио Перез и Ленс Строл одработуваа тест за Пирели на автодромот во Шпанија, така што Јелоли доби можност за два денови во болидот. Фабричкиот возач на БМВ смета дека податоците ќе бидат добредојдени за тимот за да ги споредат со оние од симулаторот. Тој е изненаден од тоа колку е блиска реалноста до симулаторот што е многу корисно.

споредено со симулаторот вистински сум иненаден колку е блиска реалноста. дефинитивно многу ми помогна да се адаптирам. научив многу овие два денови на патеката и нам во кои области треба да обрнам внимание во симулаторот.

да се биде формула 1 возач една недела е навистина кул искуство. најдобра работа е брзината, ефинитивно. денешните брзини во формула 1 болидите се неверојатни, а зоните за кочење многу мали така што врвното тркачко ниво е лудило.

Ова е прво реално Формула 1 искуство за Јелоли од 2015 година кога последен пат тестираше, тогаш за Форс Индија и призна дека перформансите се значително напреднати.

од 2015 година болидите масовно напредувале. моето време беше 9,1 секунди побрзо од тогашното со тогашниот болид. најголема предност е дополнителната потисна сила и новите гуми, но исто така моќта и развојот е неверојатен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ