Љубопитниот Рикардо очекува повеќе во Монако

Даниел Рикардо признава дека е заинтригиран околу потенцијалот на Рено во Монако, откако се навикна да има конкурентен болид во кнежевството со Ред Бул.

Австралијанецот беше на челните позиции со неговиот Ред Бул додека возеше за нив. Во 2016 година стартуваше од пол позиција, но заврши на второ место по ужасно влегување во бокс. Минатата година го промени тоа со победа откако стартуваше од пол позиција, а во 2014 и 2017 година заврши на трето место.

Рикардо признава дека ќе му биде потешко со Рено, но верува дека тоа е патека на која возачот може да придонесе повеќе од вообичаеното.

Искрено сум многу љубопитен за Монако, да видам како ќе биде. Возбуден сум што се враќаме таму бидејќи го обожавам.

Размислувам околу Кубица кога заврши на второ место, Малдонадо, тој беше звер во Монако и успехот кој го постигна со болидот.

Дефинитивно сум оптимист дека можам да возам на начинот на кој јас возам и да го доведам болидот понапред. Дали тоа значи топ 6 или топ 5, ќе видиме. Возбуден сум.

Мислам дека имавме ниска потисна сила во Баку. Монако е прилично уникатно, но најголемата работа е самодовербата.

Во Четврток се што ќе сакам од себе си е да бидам самоуверен во болидот и да ја нападнам патеката. Ако успеам во тоа, ќе постигнеме нешто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ