Ќе гледаме силна деградација на софт и две менувања на трка

Нико Хулкенберг мисли дека може да има многу гужва во боксот во Канада поради големата деградација на софт гумите.

Многу од возачите се жалеа на преголемото трошење на софт гумите и според првите најави се очекува трка со две застанувања. Хулкенберг верува дека доколку не продолжи еволуцијата на патеката во Сабота, на трката многу рано ќе се влегува во боксот.

Мислам дека ќе биде гужва во боксот во првите шест кругови. Ќе треба да ставиме семафори.

патеката денеска беше во лоша ситуација и со тек на време станува подобра. Се надевам дека ќе се поправи до недела.

Возачот на Ред Бул, Пјер Гасли се согласи со него.

Не сум видел толку голема деградација од круг во круг. Ќе биде интересна трка.

Даниел Рикардо исто така најави трка со две застанувања.

Температурата на патеката е потопла во недела и тешко ќе биде со едно застанување. Среќен сум што може да се престасува и со две застанувања ќе биде подобро. Има големи разлики меѓу тимовите. Некои болиди се под 1,17.00 додека други се во 19 и ќе мора да останат подолго.

Пирели најавува дека во К2 ќе се вози на медиум за да се чува софт за трката, но делта помеѓу компонентите е помалку од секунда.

Нема да биде добро со софт да се стартува поради деградацијата. Затоа веруваме дека ќе се вози на медиум и хард. Делтата помеѓу медиум и софт е околу 1 секунда но не сум сигурен дали ќе пробаат квалификации на медиум бидејќи е ризично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ