Џенсон Батон и Марк Вебер против “умоболната“ казна

Поранешните Формула 1 возачи застанаа во одбрана на Себастијан Фетел откако нему му беше доделена казна од 5 секунди во Канада, што го чинеше победа на трката.

Шампионот од 2009 година, Џенсон Батон верува дека казната не била фер и дека ги ограбила фановите од одлична битка.

Навистина е жално. Секогаш е разочарувачки кога има вистинска борба помеѓу двајца повеќекратни шампиони, а стјуардите ни го одземаат тоа како гледачи, штета е.

Според мене, ова беше тркачки инцидент. Да, Себ направи грешка, но мора да сфатите дека тој вози со повеќе од 100 милји на час во тој свиок. Не може само да застанете во место со болидот и да не се вратите на патека.

Тој се врати на патека додека задниот дел од болидот беше на сите страни. Не заслужи казна според мене, но тоа се правилата и тие одлучија да го казнат.

На ваква патека, која е толку тесна, ова е улична трка, болидите се големи и едноставно излетувате во тој дел, не по ваш избор. Себ не сакаше да се удри во Хамилтон.

И двајцата возеа одлична трка, навистина, а останува само лош вкус во устата.

Поранешниот колега на Фетел во Ред Бул, Марк Вебер, се согласува и ја опиша казната како “умоболна“.

Дали некој од стјуардите се тркал на самиот врв во Формула 1? Јас не ја гледав трката … сега го гледам “инцидентот“. Умоболна казна – напиша Вебер на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ