Џовинаци возбуден за првото возење во Монтреал

Италијанецот Антонио Џовинаци едвај чека на првото возење на патеката Жил Вилнев викендов за Големата Награда на Канада.

Ова ќе биде прво патување во Монтреал за возачот на Алфа Ромео и тој едвај чека да влезе во болидот и да излезе на патеката.

Едвај чекам да се тркам во Монтреал за прв пат во мојата кариера.

Имав два викенда во кои одморив, ги посетив трките Giro d’Italia и МотоГП трката во Муџело, а сега сум подготвен да се вратам во болидот.

Патеката во Канада понудила многу интересни трки во минатото и тоа е место со добри можности за претекнување, така што одвај чекам на забавата во Недела. Се надевам дека ќе стигнеме до резултатот кој го заслужуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ