Џиовинаци пресреќен со пласман во топ 10

Антонио Џиовинаци е пресреќен што влезе во последниот квалификациски сегмент за Француското Гранд При и ја обезбеди својата најдобра стартна позиција во Формула 1 до сега.

25 годишниот италијанец се пласираше во К3 во Азербејџан во Април, но поради казна мораше да стартува од задниот ред на гридот. Тоа нема да биде случај на патеката Пол Рикар, а Џиовинаци ќе стартува од 10та позиција.

Многу сум среќен со перформансите. Тоа беа позитивни квалификации и многу сум задоволен со пласман во топ 10.

Важно е конечно да ги освојам своите први поени. Ќе стартуваме од топ 10 и мора да бидеме таму до крајот на трката. Има неколку фактори кои се причина за овој резултат. Новите подобрувања функционираат и го извлековме максимумот од пневматиците во овие услови.

Патеката се подобруваше круг по круг и беше важно да се извози најдобро на крајот на секој сегмент.

Единствен негативен аспект е тоа што пред мене стартуваат два болида на софт пневматици. Но ќе најдеме стратегија која ќе ни помогне да останеме во поени. Имаме добра форма и се надевам на добар резултат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ