Џиовинаци среќен со скорешните перформанси против Кими

Антонио Џиовинаци вели дека ее среќен со своите перформанси од скоро против тимскиот колега, Кими Раиконен.

Џиовинаци имаше проблеми на почетокот против далеку поискусниот колега, кој премина во тимот од Ферари на крајот на минатата сезона, но во последно време има подобрени резултати, особено во квалификациите.

Италијанецот го освои својот прв поен во Австрија, а потоа дојде до уште еден топ 10 резултати во Германија, но падна во поредокот поради казните за Алфа Ромео.

Не е лесно, ако веќе поминете 2 години без тркање. На крајот, возев на само 2 трки во 2017 и потоа во 2018 само на една, Ле Ман, целосно различна од ова, а потоа се вратив во Ф1, врвот на моторспортот, така што не е лесно.

Но како што кажав на почетокот на сезоната, веќе знаев дека моја цел е да се подобрам од трка во трка, а токму тоа го правам. Се мачев повеќе, но во последните неколку трки формата е присутнса споредена со Кими и мора да бидам среќен со моите перформанси.

Јас сум добар, сеуште мотивиран и сеуште силен. Јас имам силен тимски колега и тоа е добра референца за мене. Позитивно е што тој е сеуште мотивиран и притиска силно.

Гасли ги признава неговите проблеми на почетокот, но истакна дека Пол Рикар бил почетокот на подобрената форма.

Беше тешко, можевме да постигнеме повеќе, подобри резултати, повеќе поени, но тоа е тркањето.

Но мислам дека од Пол Рикар кога почнавме со новите подобрувања, со нови работи, болидот беше подобар, Силверстон бевме блиску, Хокенхајм бевме брзи, мора да бидеме позитивни, наскоро среќата ќе биде на наша страна и ќе биде подобро.

Тешко е да се рангира сезоната. Мислам дека имавме перформанси, брзината ја имаме, поените не, тешко е да рангирам. Мора да се фокусирам и на сегашноста и на иднината. Сакаме да притискам и да го дадам максимумот за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ