Џовинаци: Алфа мора да најде решение

Возачот на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци изјави дека тимот мора да најде решение за недостатокот на брзина на трка откако повторно имаа лош викенд.

Алфа Ромео си замина без поени од Канада и сега се на 9та позиција кај конструкторите. Иако Кими Раиконен имаше проблеми поради ѓубре во делот за ладење на сопирачките, сепак темпото не ветува многу. Антонио Џовинаци имаше близок контакт со Албон на почетокот од трката, но помина без оштетувања.

13та позиција е разочарување иако мислев дека имаме брзина. Беше тешка трка. Почнавме на хард гуми што беше добро и подоцна се извртев.

Треба да видиме што се случи бидејќи недостасуваше темпо. Нема што повеќе да се каже. Треба да провериме што е и да најдеме решение.

Шефот на тимот Фред Васур смета дека перформансите на гумите се главен фокус.

Се обидуваме да ги разбереме гумите и целиот развој е натака насочен. Сигурен сум дека ќе пронајдеме брзина и ќе се бориме за поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ