Џовинаци добитник на Бандини трофејот

Возачот на Алфа Ромео, италијанецот Антонио Џовинаци е добитник на годинешниот Бандини Трофеј.

Трофејот се доделува од 1992 година во италијанското градче Брисињела во чест на Лоренцо Бандини, Формула 1 возачот кој трагично загина во Монако во 1967 година. Во минатото истиот бил доделуван ан Михаел Шумахер, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон.

Џовинаци ќе го добие трофејот на церемонија, а потоа ќе вози Алфа Ромео на јавни патишта од Фаенца до Брисињела со болидот кој ќе остане исложен потоа.

Освен Антонио, признание ќе добијат и техничкиот шеф на тимот, Симоне Реста како и одговорниот за аеродинамика, Чеви Пухолар. Признанијата се за нивната одлична работа во моторспортот минатите 12 месеци.

Лани наградата отиде во рацете на Валтери Ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ