Џовинаци им го посвети најдобриот резултат на тифозите

Возачот на Алфа Ромео, италијанецот Антонио Џовинаци, го имаше најдобриот резултат во својата Формула 1 кариера и тоа пред домашната публика на Монца.

Тој имаше одлична трка за разлика од Спа каде заврши во иградата во последниот круг од трката.

Ова е одличен ден во Италија. Сакам да ги посветам моите поени на Тифозите кои ми дадоа подршка.

Имав многу пријатели во публиката и ова беше одличен викенд. Почнав на софт и преминав на медиум што беше најдобра стратегија да ме задржи пред Мекларен.

Беше тешка трка, но на крај беше добро наградена – смета Анотнио.

Џовинаци нема добра сезона и ова е втор пат да дојде до поени во текот на годината. Неговите перформанси на Монца се добар момент во неговиот обид успешно да ја заврши сезоната, боедно и да си го сочува своето место во тимот.

Не сакам да се фокусирам на наредната година. Доколку сум добар никој нема да ми го земе местото.

Тоа што се случи на Спа Во последниот круг ќе ми донесеше поени.

Сигнапур е комплетно различна трка која бара многу потисна сила и ќе видиме како ќе се однесува болидот таму, Но сигурен сум дека може да имаме добар резултат таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ