Џовинаци: Ми треба викенд без проблеми

Откако мина две дебитантски трки за Заубер сезонава, Антонио Џовинаци веќе очекува финиш во поени на претстојниот тркачки викенд во Кина.

Италијанецот заврши на 15то место во Австралија мачејќи се со побавни болиди откако ги заврши квалификациите во К2, додека во Бахреин финишираше на 11то место, така што поените му се на дофат. За разлика од него, неговиот колега Кими Раиконен е на дофат на поени.

мислам дека имавме добри квалификации во мелбурн, бевме добри во првиот сегмент, но поради проблеми завршив во к2. на трката, по 300 метри ми се оштети болидот од предното крило на даниел рикардо.

во бахреин беше спротивно, на квалификациите не влегов ни во к2, но на трката имавме одличен ритам и за едно место не дојдов до поени. можеби ако не беше безбедносното возило на крајот ќе дојдев до поен.

ми треба чист викенд без проблеми. во бахреин имав проблем на т2 во петок кога е најдобро време да се провери потенцијалот на болидот, а јас немав можност тоа да го искористам. сигурен сум дека болидот има потенцијал, имаме добар пакет и само треба да ги склопам работите заедно и да дојдам до добар резултат – посакува џовинаци.

Кинеското Гранд При ќе биде враќање на италијанецот на местото каде пред две години го менуваше повредениот Паскал Верлејн во Заубер и загуби контрола на стартниот правец, завршувајќи во заштитната ограда.

во мелбурн одеднаш добив шанса да возам и скокнав во болидот во сабота, а го пропуштив петок, така што беше поинаку. не го познавав тимот многу добро како и болидот, а сега сум поуверен.

две години бев трет возач на тимот, минав многу време во симулаторот и имав доста тестови со ферари така што сега е поинаку.

знам што се случи пред две години, но овој пат треба да уживам и да дојдам до најдобар резултат за мене и за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ