Џовинаци мотивиран од Монца на своето прво Сингапурско ГП

Антонио Џовинаци е мотивиран од своите поени на домашното Италијанско Гранд При и цели кон поени на претсојната трка во Сингапур.

Возачот на Алфа Ромео заврши на 8мо место на Автодромот во Монца за втор пласман во поени сезонава, ако не се смета топ 10 пласманот во Германија кој му беше одземен од страна на стјуардите по трката.

Италијанецот никогаш претходно не возел на Марин Беј патеката, освен една петочна тренинг сесија со Хаас во 2017 година, така што бара силни перформанси од својот болид за да го подобри конструкторскиот пласман за екипата.

резултатот од монца е мотивирачки за мене и нетерпелив сум за уште една добра трка, овој пат во сингапур. тркањето навечер секогаш е посебно иако во болидот нема некоја голема разлика.

патеката е многу предизвикувачка со многу кривини и мала можност за грешка, додека условите кои владеат секогаш придонесуваат за тешка трка. чувствувам дека сум добро подготвен и нетрпелив да се вратам во болидот – најави џовинаци.

Антонио во моментов е 18ти во возачкиот поредок со 5 поени заостаток во однос на Роман Гросжан од Хаас, додека Алфа се на 8мо место кај конструкторите со 12 зад Рејсинг Поинт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ