Џовинаци незадоволен од првиот дел од сезоната

Антонио Џовинаци е незадоволен од резултатот на Унгарското Гранд При откако два пати беше минат за цел круг од водечките и на крајот заврши на неконкурентното 18то место.

Возачот на Алфа Ромео имаше силни перформанси на претходните две трки, а овој пат имаше контакт во првиот круг и рано влегување во боксот по што трката ја возеше во борба со Ленс Строл и со Џорџ Расел.

Италијанецот е незадоволен што н го искористил потенцијалот на Ц38 болидот за нови поени особено во ситуација во која неговиот колега веќе 8ми пат финишира во топ 10.

разочарувачка трка за мене. имав контакт уште во првиот круг откако влегов во сендвич помеѓу два болиди на првата кривина и имав проблем со првиот сет на гуми што значеше дека првата серија мора да биде многу пократка.

штета е што првиот дел на сезоната завршува вака особено затоа што имавме одличен ритам на последните трки, но денеска не успеавме потенцијалот на болидот а го претвориме во нови поени.

Тој најави дека ќе го искористи летото да ги “наполни батериите“ и ќе се врати посилен за она што го носи вториот дел од сезоната каде сака почесто да завршува во поени.

барем имаме одмор и шанса да се ресетирам и одморам за да се вратам посилен. првата половина од сезоната не беше идеална за мене, но се подобривме и можам да научам од тоа. беше лудо, но продолжувам да работам за да се подобрам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ