Џовинаци призна дека веќе е под притисок

Антонио Џовинаци призна дека веќе почнал за чувствува притисок од Алфа Ромео.

Поранешниот Формула 1 возач Џеј Џеј Лехто неодамна изјави дека италијанецот може да биде заменет доколку наскоро не почне да носи резултати во швајцарската екипа.

чувствувам голем притисок од моите италијанци за да ги освојам првите поени. знам дека среќата не беше на моја страна цела сезона, но подобро е да се случат лоши моменти сега, одошто кон крајот на сезоната – објасни џовинаци за Sky Italia.

Антонио е свесен дека тимот заедно со Кими Раиконен напорно ќе работи за на тестот во Барселона да се подобри болидот откако беа лоши на последниот тркачки викенд во Шпанија.

се обидуваме да најдеме решение по лошиот викенд. но, ние сме одлична екипа, имаме добар болид и верувам во сите. треба да најдеме начин да го оптимизираме целиот пакет, да извлечеме се од него и резултатите ќе дојдат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ