Џовинаци свесен: Ако сум добар, никој не може да ме замени

Антонио Џовинаци е свесен дека задржување на неговата форма од Италијанското Гранд При е клучна за останување на Формула 1 гридот во Алфа Ромео и следната тркачка сезона.

Италијанецот одработува деби сезона во врвот на моторспортот со екипата од Хинвил откако мина две години во Ферари како резервист, но имаше две трки за Заубер на почетокто од 2017 година.

Антонио освои поени на две трки сезонава, беше дисквалификуван во Германија иако имаше одличен пласман, а во Белгија излета во послединто круг додека се возеше во топ 10. Тој е возач на Ферари во Алфа Ромео на кој екипата од Маранело иам право согласно договорот со својата сестринска компанија, а во нивната Акадеија во моментов нема подобра алтернатива од Џо.

искрено знам дека се што треба да направам е да сум добар како што бев во монца за да си го задржам местото. од пол рикар се квалификувам навистина блиску до кими и со тој дел сум задоволен.

главна работа на почетокот на сезоната ми бепе ритамот на трка затоа што две години не се тркав, но и таму се подобрувам и коцките некако ми се склопуваат.

ако имам добри резултати никој не може да ми го земе местото за следната година. секогаш сум се тркал под притисок уште од картинг затоа што немав пари за да си го финансирам продолжувањето. во формула абарт, формула 3 и потоа формула 2 знаев дека ако немам резултати ќе ме променат.

формула  1 е исто така, но тоа е дел од играта. би рекол дека притисокот во формула 1 е најголем и морам да се соочам со тоа – објасни џовинаци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ