Џовинаци убеден дека ќе остане во Алфа

Антонио Џовинаци е убеден дека ќе остане во Алфа Ромео и следната година доколку скорешната добра форма и пласманите во поени продолжат до крајот на оваа тркачка сезона.

Италијанецот освои само еден поен по првите 13 трки од сезоната, но потоа дојде 9то место во Монца и 10то во Сингапур. Шпекулациите велат дека местото во екипата од Хинвил е едно од малкуте слободни на гридот за следната година.

мислам дека сеуште треба да ппритискам иако имав два одлични викенди во монца и сингапур, но ми треба уште. како што секогаш велам, ако продолжам со овие резултати и со брзина, никој не може да ми го одземе местото во тимот за следната сеозна – јасен е џовинаци.

Тимскиот шеф, Фредерик Васур, неодамна изјави дека увидел колку италијанецот ги подобрил своите квалификациски перформанси и стигнал до нивото на неговиот многу поискусен колега, Кими Раиконен.

Антонио се врати на гридот сезонава откако беше две години резервен возач и возач за во симулаторот на Ферари, а на почетокот на 2017 година одработе две трки за Заубер како замена за Паскал Верлејн.

брзината на квалификациисте споредена со кими секогаш сум ја имал. секогаш сме биле блиску, понекогаш јас пред него, понекогаш тој пред мене, но блиску сме.

трката беше мој главен проблем и менаџирањето со истата. две години без формула 1 трка и ле ман трка лани беа единствени работи за мене, така што да се вратам во врвот на моторспортот не ми беш елесно.

станувам се поудобен на трка, имам ритам и константно се подобрувам и се надевам дека ќе продолжам на овој пат затоа што тој е вистинскиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ