Џорџ Расел е новиот Формула 2 шампион

Џорџ Расел е крунисан за Формула 2 шампион за 2018 година откако возачот на АРТ стигна до победа на предпоследната трка од годината во Абу Даби.

Оваа година беше невеоројатна. Ако сум искрен, многу ми олесна. Мислам дека навистина го заслуживме ова. Многу работи не ни одеа во полза годинава, но продолживме да се бориме низ тежок период – изјави Расел.

Ова беше седма победа за Расел годинава, со перформанси кои беа пофалени од тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф.

Тој е интелегентен дечко, вози брзо и мислам дека тој е иднината – гласи мислењето на Тото.

Возачот на Вилијамс за 2019 година трката ја започна со предност од 41 поен пред најблискиот ривал, Александер Албон. Со само 44 поени возможни за освојување во викендот, прашањето дали ќе ја освои титулата веќе беше одговорено по самиот старт, откако болидот на Албон изгасна.

Расел пак стартуваше од пол позиција, но имаше пролизгување и го загуби водството од Ник де Врис. Сепак успеа да го претекне возачот на ПРЕМА по задолжителното влегување во бокс.

Трката заврши во согласност со временското ограничување, откако поголемиот дел помина под безбедносно возило поради инцидентот по стартот. Имено, тимскиот колега на Албон, Николас Латифи исто така не успеа да тргне на стартот, по што беше удрен од друг возач на самата старт финиш линија.

Ударот беше толку силен што остатоци од болидите се разлетаа во воздухот, што го натера и директорот за трки при ФИА, Чарли Вајтинг, да се сокрие во контролната кула над стартот.

Ниту еден од возачите не беше повреден.

Сето тоа му овозможи на Албон да стартува и да се приклучи во трката на последната позиција. Тој заврши на 14то место, а тој резултат го означи Џорџ Расел како шампион.

Албон се очекува да му се приклучи на Расел во Формула 1 наредната година преку слободното место во Торо Росо покрај Даниил Квјат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ