? Фетел ја призна грешката и се извини

Себастијан Фетел ја призна својата грешка која доведе до голем судар со Макс Верстапен на Британското Гранд При.

Откако холанѓанецот го претекна Фетел, Себастијан се обиде бргу да ја врати позицијата, но неговиот обид заврши со големи последици.

Моја грешка беше. Тој ме претекна со Стоув и потоа отиде пошироко, што ми даде шанса да се вратам. Потоа изгледаше дека ќе оди десно и дека ќе има простор од левата страна.

Но не беше така и потоа беше прекасно, премногу блиску. И удрив во него.

Трката беше добра, јас бев многу среќен. Искористивме со безбедносното возило, поминав три болиди пред мене, а веќе беше блиску помеѓу нас и Ред Бул. Макс беше побрз од нас. Требаше да завршиме на четвртто место, но не беше така. Со тоа не сум задоволен.

Четирикратниот шампион покажа добар карактер по крајот на трката и веднаш по излегувањето од болидот отиде да му извини на Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ