? Дали Мерцедес однапред го очекувале оштетувањето кај Хамилтон?

Според Мерцедес, перформансите на Луис Хамилтон во Австралиското Гранд При биле ограничени поради оштетен под, но дали екипата очекувала да дојде до оштетувањето пред да започне трката?

Мерцедес истакнаа дека минималната штета кај болидот на Хамилтон во некој момент од трката имала значително влијаение над аеродинамиката на болидот.

Инспекција по трката од инженерите откри недостаток на дел во задниот дел од подот на В10, веднаш пред задното лево тркало.

Специфичниот дел и локацијата на подот, помага при насочување на струењето на воздухот и ја спречува турбуленцијата предизвикана од ротацијата на пневматиците.

Ненадејната штета на тој дел од подот на крајот довела до проблеми со балансот кој влијае над управувањето на задниот дел на болидот бидејќи нивото на потисна сила била нееднаква на левата и десната страна.

Интересно, екипажот на Мерцедес бил забележан како работи на тој дел од болидот во Неделата наутро.

Како што прикажуваат фотографиите, комбинација од специфична смола била нанесена на специфичниот дел, најверојатно за да се засили елементот.

Хамилтон ја забележа промената во однесувањето на В10 по само 4 кругови во трката и сугерираше дека дел од предното крило на Роберт Кубица најверојатно довел до оштетување на подот. Без разлика на причината за штетата, инженерите на Мерцедес сигурно ќе го поправат делот од болидот за следната трка во Бахреин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ