? Мекларен го откри болидот за Инди 500

Мекларен Рејсинг го откри нивниот болид за легендарниот Индијанаполис 500 кој ќе биде управуван од Фернандо Алонсо со надеж дека истиот ќе донесе тројна круна, толку посакувана за шпанецот.

Болидот ќе биде обоен со традиционалната папаја портокалово и сината, препознатлива за Мекларен Формула 1 тимот, а од поодамна е познатo дека ќе го носи бројот 66 како потсетување за првата победа на Брикјард за екипата во болид на Пенске со Марк Донохју зад управувачот на М16 во 1972 година.

откривањето на болидот со #66 и неговите шари е важен момент за патешествието на мекларен рејсинг на индијанаполис 500. тоа претставува следна фаза од нашата моторспорт програма и огромен напор и работа на нашиот тим за инди 500 во технолошкиот центар на мекларен. сите сме нетрпеливи да го видиме број 66 на патеката за прв пат на 24 април – изјави возбудениот зек браун.

Првиот отворен Инди тест е на програмата на 24 Април каде за прв пат ќе вози Алонсо во број 66, но веќе неделава тој ќе тестира многу сличен примерок во Тексас.

возбуден сум што конечно светот може да го види #66, болидот со кој ќе се тркам за мекларен на инди 500 во мај. екипата во фабриката работеше напорно да го подготви болидот за враќањето на историскиот брикјард, изгледа фантастично во боите на мекларен.

се надевам дека фантастично ќе биде и на трка, ќе победам и ќе стигнам до тројната круна. нетрпелив сум да се сретнам со американските фанови кои ми посакаа многу топло добредојде кога за прв пат се тркав таму – дополни алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ