? Мерцедес ги откри своите јубилејни шари

Формула 1 тимот на Мерцедес ги откри своите изменети јубилејни шари во чест на нивната 125та годишнина во моторспортот и тоа за време на својата домашна трка на Хокенхајм.

Дизајнот кој ќе се носи во чест на трката Париз – Руен од 1894 година што се смета за прва трка со автомобили е значителна отстапка од она на што сме навикнати, традиционалната сребрена боја.

Предното крило и предниот дел на шасијата е обоен во мат бела боја, со која беа обоени болидите на оригиналниот Мерцедес Гранд При тим. околу кокпитот и хало системот е во знакот на Петронас и гледано одозгора се гледа како вистинската боја на болидот.

Историјата вели дека Мерцедес се тркале со сребрена боја за да се олесни болидот и да ја задоволи бараната тежина во 1934 година.

без белата боја металните делови на болидот беа јасни, а изгледот беше сребрен и на тој начин беше родена “сребрената стрела“ – објаснија од мерцедес.

Поклопецот на моторот и страничните делови околу истиот остануваат во вообичаената боја, но со мали бели знакчиња. Дополнително, Мерцедес ја прославува и својата 200та Гранд При трка како фабричка екипа на настанот кој компанијата од Штутгард и самата го спонзорира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ