? Норис со посебна кацига инспирирана од Роси

Ландо Норис ќе се трка со специјален дизајн на својата кацига во Италија, инспириран од Валентино Роси, МотоГП легендара.

Ландо не крие дека е голем фан на Докторот и со дизајнот на кацигата сака да му оддаде признание на седумкратниот шампион во МотоГП серијата.

Кацигата ќе ја комбинира со посебните тркачки патики изработени од Алпинестарс кој ќе го носат заштитното лого на Роси и неговите препознатливи бои.

секогаш сум сакал да имам свои заштитни знаци и бои. во картинг денови користев различни кациги, облека и патики, налепници и слични работи, но потоа сте лимитирани околу тоа. денеска, на трките на кои можам, сакам да имам посебни дизајни.

веќе разговарав со валентино пред некое време на социјалните медиуми и сакав да побарам дозвола од него, морам да го прашам дали смеам. ќе биде можност да ја направам трката посебна, трка за паметење на начин на кој ќе имам посилна врска со валентино, човекот на кој му се восхитувам цел живот, мојот херој на кој сакам да му посветам многу работи – најави ландо.

Додека возачите бираа броеви, Норис најави дека размислувал да го земе бројот 46 по кој Роси е препознатлив, но не сакал да биде “копирач“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ