? Ред Бул со нов моторхоум од Шпанија

Ред Бул на Шпанското Гранд При ќе го користи својот нов моторхоум, вкучително и пропратна структура по 14 години користење на нивната Енергетска станица (Energy Station).

Енергетската станица за прв пат беше донесена во Сан Марино во 2005 година и остана еден од најпрепознатливите симболи на Формула 1 падокот во модерно време. На стартот од европската серија трки, тимот ќе ја дебитира својата дрвена куќа (F1 Holzhaus – Wood House).

Новата структура може да биде целосно монтирана за помалку од два дена од страна на 25 луѓе од тимот, нуди 27% повеќе простор одошто претходната и има површина од 1.221 м2. Веќе две години слична, но помала верзија на ваквиот моторхоум користи КТМ МотоГП тимот, а Ред Бул премиерно ја пробаа на ланското Австралиско Гранд При.

Моторхоумот е изграден од австриско дрво и дизајнот е таков што нема потреба за никаква климатизација.

минатите 14 години евергетската станица мина низ неколку трансформации, се движеше согласно потребите на времето, најпрво да смести две формула 1 екипи, а потоа и модернизации за да се прилагоди на промените.

неделава се менуваме целосно со нашата нова енергетска станица позната во австрија како дрвената куќа.

тоа е самоодржливста структура кој во себе носи дел од стирија во формула 1 падокот, дизајнирана со цел да ги задоволи сегашните и идни потреби за нас и торо росо. ако види драма колку и енергетската станица тогаш сме добри – објаснија од ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ