2019 најдобро и најлошо сценарио: Мекларен

Ако го земете предвид првенството во конкуренција на конструктори, 2018 година беше напредок за Мекларен.

Но на патеката, болидот изгледаше добар на стартот, за потоа драстично да изгуби перформанси во текот на сезоната.

  • Ранг во 2018: 6 место, 62 поени
  • Возачи во 2019: Карлос Саинз, Ландо Норис
  • 2019 Болид: МЦЛ34

Најдобро Сценарио …

Мекларен се смета дека имаа прилично слаба сезона во 2018 година. Проблеми со издржливоста беа присутни на тестовите и во тркачката сезона, а болидот не функционираше според планот. Сепак, според статистиката, Меларен беа и еден од најдобрите тимови минатата година. Скокнаа од деветто место во 2017 на шесто место во пласманот во 2018 година. За секоја друга екипа, тоа би било причина за славење. Но не е, бидејќи иако немаат победа шест сезони по ред, фановите очекуваат многу повеќе од екипата од Вокинг.

Минатата година главна причина за проблемите на Мекларен изгледаше дека е непостојаноста на информации од патеката со тие од воздушниот тунел. Програмата од тестовите оваа година сигурно ќе им помогне на инженерите, а МЦЛ34 изгледа добро балансиран и прилично брз. Тие се главни во средината, петто најбрзи и шести според километражата. Иако бројките не значат многу кога болидот работи како што треба, 873 кругови кои ги помина Мекларен е 250 повеќе од минатата година.

Иако тимот на моменти беше на врвот во поредокот, Мекларен имаа ретки компликации. Тоа не е најголем проблем, Мекларен беа искрени дека возеле со ниско ниво на гориво. По проблемите во квалификациите минатата година, оваа ситуација изгледа како градење на самодоверба, наместо како брзи кругови за спонзорите.

На темата очекувања, сегашниот менаџмент смета дека 2019 година ќе биде транзициска, земајќи тоа што го научиле од првата година со Рено и изработка на подобар болид околу тоа. Тоа што го имаат изработено дефинитивно изгледа подобро. Добар облог е дека ќе го задржат шестото место, а можеби ќе бидат способни да ги предизвикаат врвните во средината.

Најлошо Сценарио …

Мекларен оваа година имаат два големи проблема и двата се Фернандо Алонсо. Првиот проблем е неговото отсуство во кокпитот. Тој освои повеќе од 80 проценти од поените на Мекларен минатата година, најмногу поради неговиот карактер, способности и инает да ги прифати ограничувањата на болидот. Стофел Вандорн, во одредени моменти, беше прегазен од својот тимски колега, но неговата сезона е показател за реалните можности на Мекларен. Сепак, Мекларен надоместија многу во шасијата, прашањето е дали е доволно да компензира за недостатокот на Алонсо.

Вториот проблем е присуството на Алонсо во гаражата. Неговата одлука да не се трка беше прикажана како пензионирање од Формула 1, но тоа не е збор кој го искористи Алонсо.

Неговото повлекување беше помеѓу пензија и пауза, оставајќи ја вратата отворена за враќање во 2020 година доколку болидот е конкурентен во 2019. Тоа е лоша ситуација за двајцата нови возачи, Ландо Норис и Карлос Саинз, особено по скорешната вест дека Алонсо ќе “помага“ во развојот на болидот.

Битката во средината изгледа дека ќе биде многу блиска годинава. Доколку болидот функционира и возачите испорачуваат, Мекларен би можеле да бидат локомотива на таа средина, но доколку возачите имаат проблеми со самодовербата и се борат за своето седиште наместо за напредок на тимот, тие би можеле да станат последниот вагон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ