2019 најдобро и најлошо сценарио: Рено

Рено ја продолжија својата потера по враќањето на победничките патеки со уште еден чекор напред минатата година.

Францускиот производител се пласираше на четвртто место во поредокот, но сега целат кон Големата Тројка.

  • Ранг во 2018: 4 место
  • Возачи во 2019: Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг
  • 2019 Болид: Р.С.19

Најдобро Сценарио …

Во 2016 година, Боб Бел, техничкиот шеф на Рено, предложи пет годишен план за обнова сметајќи дека тоа е реална временска рамка за екипата да се врати на врвот во Ф1. За време на предсезонските тестови, болидот за 2019 година беше севкупно третопласиран во времиња по круг и изминати километри, укажувајќи дека тие се движат според планот.

Верзијата на Рено за најдобро сценарио не е толку различна од таа на другите, дека се работи за аспирации, наместо за позиција. Задржување на четвртто место во поредокот може да се смета за успех во 2019 година, доколку тоа четвртто место се постигне во директен дуел со првите три екипи, освојување на подиуми и можна победа.

Тие дефинитивно ги имаат возачите за тоа. Во екипата се забележува поголема мотивација по пристигнувањето на Даниел Рикардо. Ангажманот на таков возач е знак на намера. Земајќи го тоа предвид, Рено треба да бидат чести посетители на подиумот, а Рикардо дефинитивно е возачот кој може да го постигне тоа.

Најлошо Сценарио …

Рено мора да се издигнат годинава. Откако потпишаа со Рикардо, доколку немаат пакет достоен за возачите, тоа навистина ќе има негативен ефект. Доколку Рено не се одвојат од средината, тоа ќе биде неуспех, дури и да го задржат четвртото место во пласманот. Но кошмар ќе биде доколку се движат наназад. Како тим во обнова, тие во минати ситуации се извлекоа, иако беа послаби, но за фабричка екипа со буџет достоен за таква и завршување позади приватна екипа, едноставно нема да биде доволно добро.

Трети во зимските тестови е пофалба за Рено, земајќи во предвид дека Ред Бул не беа агресивни при крајот, но вистинскиот проблем е што доколку Хонда одлучиле годинава да го понудат најдоброто. Последно нешто што му треба на Рено е Ред Бул да бидат успешни во својата одлука да ја прекинат соработката со французите. Рено тврдат дека направиле голем чекор напред во зимскиот период со агрегатот, но ова е честа случка за нив, а потоа следи нов план откако Мерцедес и Ферари ќе исчезнат пред нив.

Уште едно нешто што треба да се земе предвид е дека Ред Бул им овозможи на Рено победи во хибридната ера и беа одличен показател. Се додека тие заостануваа позади своите клиенти, очигледно беше дека перформанси треба да се бараат во шасијата. Имајќи предвид дека Мекларен не се таков показател, за Рено ќе биде тешко да ја дефинираат својата позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ