24 часа Ле Ман: Алонсо и Тојота победници без конкуренција

Тојота стигна до својата втора победа на легендарната трка 24 часа Ле Ман во очекувано доминантен стил во ЛМП1 класата, но проблем во завршницата на автомобилот со број 7 всушност му ја поклони победата на Фернандо Алонсо, Себастиен Буеми и Казуки Накаџима, кој го возат сестринскиот автомобил со број 8.

Тојотата со број 7 изгледаше дека има предност пред другиот автомобил, а Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез возеа до победа се до драмата која се случи на само еден час пред крајот  на трката.

Лопез имаше предност од 2 минути кога влезе во бокс да замени пукнатина на предниот десен пневматик, но всушност требаше промена на задниот десен и возачот мораше полека да се врати повторно во боксовите. Се врати на патеката со заостанување од 50 секунди позади Накаџима.

На крајот Канаџима ја помина финиш линијата со 16 секунди предност.

Победата за Алонсо, Накаџима и Буеми им ја гарантира шампионската титула во ФИА Светското Првенство на Издржливост. За Буеми тоа е втора титула по освојување на истата во 2014 година.

На трето место се пласираше автомобилот 11 на СМП Рејсинг, со заостанување од 6 кругови и доказ дека Тојота немаат конкуренција во оваа класа. Микаил Алешин, Витали Петров и Стофел Вандорн имаа трка без проблеми и завршија пред главните ривали, Ребелион Рејсинг, кои пак имаа проблеми со двата свои автомобили.

Во ЛМП 2, доминантна победа испорачаа Сигнатек Алпајн, со автомобилот возен од Николас Лапиер, Пјер Тирие и Андре Неграо.

Во ГТЕ Про, Ферари стигнаа до победа по проблемите на тимот на Корвета. Честа да ја прослават првата победа по 2014 година за италијанската марка има Џејмс Каладо, Алесандро Пјер Гуиди и Даниел Сера за тимот на АФ Корсе со автомобилот број 51 Ферари 488 ГТЕ.

Во ГТЕ Ам, приватната екипа на Китинг Моторспорт со автомобил Форд ГТ, стигна до победа, возен од Бен Китинг, Џерон Бликмолен и Фелипе Фрага.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ