DRS / ДРС

Спортска Регулатива

Користењето на системот за помош при претекнување наречен ДРС (Drag Reduction System – DRS), кој го менува аголот на накосеност на средното задно крило со цел да го намали отпорот е строго контролирано.

Во секој момент, Директорот за Трка може да го деактивира системот поради лоши временски услови или пак доколку има жолти знамиња во зоната за активирање на ДРС.

На возачите им е дозволено да го активираат ДРС системот по желба, се доколку се наоѓаат во ДРС зоните, а во текот на тренинг сесиите и квалификациите. Доколку ДРС е деактивиран во одреден момент во К1, К2 или К3, ќе остане укинат до крајот на тој период.

За време на трката возачите немаат пристап кон ДРС во првите 2 круга по стартот или по рестарт со Безбедносно Возило. Но во случај на Виртуелно Безбедносно Возило, ДРС се вклучува веднаш.

Возачите може да го активираат системот само кога се во рамки од 1 секунда позади водечкиот болид, а истот ќе им биде означено преку сигнал на управувачот во ДРС зоната за детектирање на разликата.

ДРС автоматски се исклучува (задното средно крило се враќа во првичната положба) во моментот кога возачот ќе притисне на педалата за сопирање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ