Grand Prix Driver

Мекларен во партнерство со глобалниот Амазон ќе создадат нов документарен филм во повеќе делови за оваа Формула 1 сезона на екипата. На снимателите им е дозволен неограничен и непречен пристап во сите делови на Мекларен Хонда и тркачки викенд со целосен пристап до новиот возач Стофел Вандорн.

Мекларен веќе им дозволија на камерите на Амазон Прајм да ги следат за време на зимските тестирања, креацијата, производството и промоцијата на новиот МЦЛ32 болид на тимот. Во филмот ќе има и сцени од подготовката на надежниот Вандорн пред сезоната и неговата работа со инженерите и механичарите како подготовка за своето тркачки деби оваа сезона.

Серијата ќе биде дел од оригиналната сопствена колекција на документарци на Амазон и ќе биде возможно да се гледа само преку Амазон Прајм.

Серијата е производство на Маниш Панди, добитник на БАФТА наградата.

iMDb линк

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ